Пита со тиква – се топи во уста

Пита со тиква – се топи во уста

Слатка пита со тиква, се топи во уста, а рецептот е многу едноставен…

Состојки:

  • 500 гр тенки кори за пита
  • 1 кг рендана тиква
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 2 дл масло
  • 1,5 дл млеко
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • рендана кора од лимон
  • 1 кесичка цимет
  • 4 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Тиквата преполовете ја, извадете ги семките и излупете ја. Исечкајте ја на помали парчиња за полесно да ја изрендате. Измешајте ја со 100 гр шеќер и цимет па оставете да стои додека го приготвувате намазот.
  2. Разматете ги јајцата со шеќер и ванила. Измешајте брашно, млеко, масло, прашок за печиво и изрендана кора од лимон.
  3. Раширете една кора, премачкајте ја со три лажици намаз, ставете друга кора, повторно намаз па трета кора. На неа наредете рендана тиква, свиткајте лесно и наредете на намастена тепсија. Така правете до крај. За крај оставете 3 лажици намаз, во него можете да ставите малку сок кој ќе остане од ренданата тиква.
  4. Премачкајте ја питата, избоцкајте ја со чепкалка па оставете да стои половина час. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25-30 минути. Печена оставете да се излади. Посипете ја со шеќер во прав.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text