Кочан ладно утро па пресврт со времето

Кочан ладно утро па пресврт со времето

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.Како што соопшти УХМР, утрото ќе биде свежо со утрински температури кои ќе се движат во интервалот од 0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Исклучок ќе има в сабота кога ќе биде малку до умерено облачно и повремено ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*