Пиперки полнети со шампињони запечени во рерна

Пиперки полнети со шампињони запечени во рерна

Наместо класичната варијанта со мелено месо, испробајте го и овој начин на полнење и ќе подготвите царски деликатес со фантастичен вкус.

Состојки:

  • 1 кг пиперки за полнење
  • 1 праз
  • масло
  • 100 гр варен ориз
  • 200 гр шампињони
  • 1 лажица ајвар
  • 1 рендан морков
  • домат за затварање
  • зачин
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Празот исечкајте го тенко, морковот изрендајте го, а шампињоните исечкајте ги на ситни листови. Во тенџере ставете 50 мл масло па пропржете, додајте ориз, бибер, 1 лажица ајвар, сол и малку зачин. Може и сечкан магдонос. Пиперките измијте ги и исчистете ги од семки, па наполнете ги со фил.
  2. Затварајте ги пиперките со кругови домат или листови компир. Пиперките редете ги во плех, намастете од горе и ставете во рерна. Печете на 200 степени околу 40 минути.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*