Палачинки со ананас

Палачинки со ананас

Рецепт за најубавите палачинки…

Состојки:

  • 1/3 шолја брашно по ваш избор (интегрално, обично или безглутенско)
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/8 лажичка сол
  • малку стевија или сличен засладувач
  • 1/3 шолја млеко по избор
  • 2 лажички растопен кокосов путер или обично масло
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 4 кругови ананас

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад измешајте ги сите суви состојки за палачинки, освен ананас.
  2. Во друг сад измешајте ги сите течни состојки.
  3. Соединете ги содржините од двата садови и добро измешајте да добиете глатко тесто.
  4. Намастете тава, па загрејте ја на среден оган. Кога тавата ќе биде жешка, ставете малку тесто и раширете го така што ќе биде малку поголемо од кругот ананас. Втиснете круг ананас во палачинката. Печете додека долната страна не потемни, потоа свртете и уште малку допечете.
  5. Малку засилете го огнот за ананасот лесно да загори, како на грил тава.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text