Двобоен кремаст ролат: Брз колач повкусен од секоја торта!

Двобоен кремаст ролат: Брз колач повкусен од секоја торта!

Сите ќе ви го бараат рецептот!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 100 гр чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 500 мл млеко
  • шеќер за пудинг
  • 100 гр путер
  • 3 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно, добро измешајте и печете кора на 200 степени околу 10-15 минути. Врелата печена кора свиткајте ја во фолија и крпа и оставете ја на страна. 
  2. Згответе пудинг во млеко и засладете со шеќер по вкус. Пудингот добро изладете го. Пенасто разматете путер, додајте 2-3 лажици шеќер во прав за подобро да се мати. 
  3. Соединете го путерот со пудингот да добиете кремаста смеса без грутки. Во посебен сад растопете чоколадо. 
  4. Поделете го кремот на два дела, па во еден додајте чоколадо и добро соединете. Кората развлечете ја, па премачкајте со чоколаден крем, а од горе распоредете дел од кремот без чоколадо. 
  5. Полека свиткајте ролат, свиткајте го во хартија за печење и оставете 2-3 часа во фрижидер да се излади. Сечете и уживајте во совршениот вкус!

 

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text