Фантастична комбинација од сочни смокви и месо – вистински гурмански специјалитет.
Состојки:
- 4 кременадли без коски
- 2 зрели змокви
- 1 лажичка рузмарин
- 1 лажичка сенф
- 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Расечете ги кременадлите без коска и расклопете ги да добиете облик на пеперутка, покријте ги со проѕирна фолија и малку исчукајте ги со широка дршка од нож.
- Смоквите измијте ги и исечете ги на тенки кругови. Месото посолете го и побиберете го, посипете го со рузмарин и премачкајте го со сенф. На половина од површината на шницлите наредете кругови смокви, прекријте со другата половина па зацврстете со чепкалки.
- Полнетите шницли премачкајте ги со масло и печете ги на врела скара или грил тава од секоја страна по 5 минути. Украсете ги со свежи смокви и рузмарин.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука