Woman using tissue

Природен рецепт кој го лечи болното грло

Сезоната на настинки и вируси, за жал полека започнува да го фаќа својот замав, а болното грло е чест и неподнослив, симптом.

Нашите претци имаат различни искуства во лечењето на различни болести кои што владееле низ историјата, и тоа токму во времето кога аптеките и лековите не им биле достапни на сите.

Овој лек според старите верувања може да ви помогне да го излечите болното грло и воспалението на крајниците за само четири часа.

Потребни состојки:

  • 250мл вода
  • 80гр мелен ким
  • 1 лажица оцет

Начин на подготовка:

  1. Кимот сомелете го во мелница за кафе. Сипете 200 милилитри вода во лонче, додадете го кимот и ставете го на рингла да проврие.
  2. Оставете да врие на слаб оган околу 15 минути. Би требало да добиете густа и леплива смеса.
  3. Тогаш додадете уште 50 милилитри вода и почекајте уште еднаш да проврие. Тргнете го од оган, оставете го да се излади, а потоа додадете го оцетот.

Земајте по една лажица од овој напиток на секој половина час. Веќе после два часа би требало да почувствувате и значајно олеснување, а после четири часа болката би требало и целосно да исчезне.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Кои чаеви помагаат при слабеење?

Вежбате, а резултатите се слаби? Еве што да јадете

Совети кои дерматолозите нема да Ви ги откријат

Рецепти за природни, а ефикасни маски за лице за зимските денови

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ: Како да отстраните мирис на лук од рацете

Со неколкудневен природен третман повторно до убави и нежни лакти

Белите патики ќе бидат како нови – Еве како едноставно да ги исчистите

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта