Брзи и вкусни: Коцки со мелено месо и блитква (ВИДЕО)

Брзи и вкусни: Коцки со мелено месо и блитква (ВИДЕО)

Направете инстант оброк кој ќе ги воодушеви сите!

Шарените коцки со мелено месо се едноставен, брз и квалитетен оброк…

Состојки:

  • 250 гр мелено месо
  • 100 гр сува сечкана сланина
  • масло
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка мелена пипер
  • бибер
  • сол
  • 100 гр варен ориз
  • 200 гр листови попарена блитва
  • 200 мл јогурт
  • 200 гр павлака
  • 3 јајца
  • кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го ситно па пропржете го на масло. Додајте сечкана сланина и мелено месо, сол, бибер, пипер, магдонос и сечкан лук. Листовите блитва добро измијте ги и отстранете го коренот, па прелијте ги со врела вода да омекнат.
  2. Дното на тенџерето посипете го со масло и наредете блитва, а во средина ставете мелено месо и покријте со остатокот од листовите. Со нож сечете на коцки.
  3. Во чинија разматете јајца, додајте јогурт, павлака па прелијте преку блитвата и добро протресете. Од горе изрендајте кашкавал. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text