Подгответе вкусно јадење од туна…
Состојки:
- 500 гр Тимко туна
- 2 црвени пиперки
- 2 зелени пиперки
- 3 домати
- 6 компири
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- 100 мл бело вино
- 200 мл бујон
- 1 лажичка сечкана мајчина душица
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Туната исечкајте ја на коцки, пиперките на ленти, доматите на коцки, а компирите на парчиња. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
- Во широка тава загрејте масло, мешајќи пржете ги пиперките, кромидот и лукот. Добро посолете и побиберете, налијте вино и бујон, додајте домати, компири и мајчина душица, поклопете и гответе на слаб оган околу 20 минути.
- Пред крај додајте туна. По потреба уште зачинете и украсете со мајчина душица.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути