Покрај тоа што е позната актерка, Софија Лорен има репутација на врвна готвачка.
Тирамису е италијански десерт, а во книгата „Рецепти и Мемоари“, актерката дала и рецепт за овој десерт.
Состојки:
- 180 гр маскарпоне сирење
- 80 гр црно чоколадо
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 40 пишкоти
- 250 мл инстант кафе
- 250 мл ликер од портокал
- 60 гр какао
Начин на подготовка:
- Разматете жолчки со шеќер, а во посебен сад измиксајте белки додека не добиете цврста смеса.
- Во смесата од жолчки додајте маскарпоне сирење, а потоа додајте снег од белки и добро измешајте. 20 пишкоти наредете ги и навлажнете ги со ликер и кафе.
- Преку ставете ја смесата со маскарпоне сирење и нарендајте чоколадо. Постапката повторете ја додека не го потрошите материјалот и на крај додајте какао.
Уживајте!
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат