Витаминска салата со грозје и сирење

Витаминска салата со грозје и сирење

Салата која има малку калории, а многу е здрава!

Состојки:

  • 1 помала главица зелена салата
  • 1 главица црвен радич
  • 150 гр грозје
  • 125 гр помалку масно тврдо сирење
  • 2 главици црвен кромид
  • 1 кесичка готов прелив за салата со зачински билки
  • 1 лажица масло од ореви
  • 1 лажичка благ сенф
  • 3 парчиња интегрален тост леб
  • 1 чешне лук
  • 20 гр исчистени ореви

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги салатите, измијте ги и исечкајте ги. По желба извадете ги семките од грозјето.
  2. Сирењето исечкајте го на мали парчиња, а кромидот на кругови.
  3. Во готовиот прелив измешајте 5 лажици вода, масло од орев и сенф.
  4. Тост лебот препечете го и истријте го со лук, исечкајте го на коцки. Исечкајте ги и оревите крупно.
  5. Измешајте ги салатите, грозјето, кромидот и сирењето со дресингот, посипете со коцки леб и ореви и послужете.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство