Серенада колач: Кремаст десерт за паметење!

Серенада колач: Кремаст десерт за паметење!

Овој десерт може да биде вистинска гастрономска поезија…

Состојки за тесто:

  • 10 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво
  • 7 јајца
  • 9 лажици шеќер

Состојки за крем:

  • 12 лажици шеќер
  • 1 л млеко
  • 200 гр путер
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 9 лажици густин
  • 1 лажица какао

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете јајца и 9 лажици шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи, додајте брашно измешано со прашок за печиво и какао, со непрекинато мешање. Тестото ставете го во тепсија обложена со хартија. Печете 15 минути на 200 степени.

     

  2. Во тенџере на шпорет ставете го речиси целото млеко, додајте 12 лажици шеќер и ванилин шеќер. Густинот растопете го во останатото млеко и додајте го во врелото млеко на шпоретот, непрекинато мешајќи. Кога кремот ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од оган.

     

  3. Изладениот крем разматете го со миксер и додајте путер. Матете додека состојките не се соединат. Испечениот пандишпањ пресечете го на два еднакви дела. На првиот дел нанесете фил, ставете го другиот дел од пандишпањот. Исчете го колачот на парчиња. Со останатиот фил наполнете шприц и украсете го секое колаче и посипете со какао.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед