БЕЗ БРАШНО: Колач од суво грозје и моркови

БЕЗ БРАШНО: Колач од суво грозје и моркови

Подгответе необичен десерт многу брзо!

Состојки:

  • 5 јајца
  • 100 гр суво грозје
  • 150 гр шеќер
  • 50 мл масло
  • 100 гр рендани моркови
  • 5 лажици гриз
  • 5 лажици мелени бисквити
  • кора од лимон
  • 1/2 прашок за печиво
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте суво грозје, масло, кора од лимон, гриз, рендан морков и прашок за печиво. 
  2. Сè добро и лесно измешајте и ставете во плех намастен и посипен со брашно. 
  3. Печете на 200 степени 30-35 минути. Печената торта посипете ја со шеќер во прав.

 

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта