Бугарски специјалитет: Баничка со лимон и ореви

Бугарски специјалитет: Баничка со лимон и ореви

Оваа слатка пита ќе ги освои срцата на љубителите на благо…

Состојки за кора:

  • 1 кг брашно
  • 3 јајца
  • 250 мл лимонада
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 10 гр квасец

Состојки за фил и прелив:

  • 250 гр путер
  • 300 гр ситно сечкани ореви
  • 200 мл млеко
  • 3 јајца
  • 1 шолја шеќер

Начин на подготовка:

  1. Од состојките за пита замесете глатко тесто, но најдобро би било претходнода оставите квасецот да се подигне и да го просеете брашното. 
  2. Готовото тесто поделете го на пет делови и оставете го така да нарасне. 
  3. Развлечете ги корите со пречник од прилика 25 см. Секоја кора премачкајте ја со растопен путер и посипете со ореви. 
  4. Мотајте ја кората во ролат истовремено развлекувајќи ја – така што на крај ќе биде два пати подолга. 
  5. Првата јуфка замотајте ја во форма на полжав и ставете ја на средина на намастена тепсија, па секоја следна мотајте ја околу неа. Оставете ја питата да „одмори“ 15 минути, потоа залијте ја со разматени јајца, млеко и шеќер, па печете додека не порумени.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)