За слави и празници: Солена торта со тост леб и зеленчук

За слави и празници: Солена торта со тост леб и зеленчук

Рецепт кој многу е популарен за слави и празници. Оваа солена торта има фантастичен вкус, совршена е за сечење и е вистински украс на вашата трпеза!

Состојки:

  • 2 пакувања тост леб
  • 400 гр кисела павлака
  • 400 гр мајонез
  • 300-400 гр тенко сечкан кашкавал
  • 400 гр тенко сечкана салама
  • 4 црвени пиперки
  • 1-2 краставици
  • 4 домати
  • 1 веза магдонос
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте павлака, мајонез, сечкан магдонос (половина веза) и посолете по вкус. Краставиците и пиперките ситно исечкајте ги, а доматите исечкајте ги на кругови.
  2. Обложете тепсија (големина 35х25) со фолија па редете: тост леб, фил, салама, кашкавал, тост, фил, салама, кашкавал, тост. Прекријте со фолија па ставете во фрижидер на два часа.
  3. Потоа тргнете ја фолијата, поставете тацна од горе па брзо превртете ја тортата на тацнта. Тргнете ја и долната фолија па премачкајте го останатиот фил и посипете богато со сечкана пиперка.
  4. Украсете по желба. Тортата држете ја во фрижидер пред сечење.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text