Јагнешки плескавици

Јагнешки плескавици

Брзо, едноставно и вкусно…

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1/2 лажичка мајоран
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка сол
  • 5 парчиња ржан тост леб
  • 1/2 веза магдонос
  • 350 гр јагнешко мелено месо
  • 1 лажичка пипер
  • 3 жолчки
  • 2 лажици путер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид и лук, па измешајте со мајчина душица, мајоран и бибер. Тост лебот натопете го во вода и исцедете го. Исечкајте магдонос и измешајте го со кромидот и лебот.
  2. На јагнешкото додајте му пипер, па измешајте го во смесата заедно со зачините.
  3. Направете 8 плескавици и испржете ги на путер во грил тава.
  4. Со плескавиците послужете кругови свеж кромид или некоја друга салата по желба.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте