Збогатете ја својата зимница со уште еден фантастичен рецепт…
Состојки:
- 1 шолја бел вински оцет
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка шеќер
- темјан
- неколку зрна бибер
- излупени чешниња лук
Начин на подготовка:
- Во помал сад загрејте оцет, шеќер и сол, па оставете да зоврие, додајте зачини и уште врело прелијте преку чешнињата лук кои густо сте ги наредиле во претходно стерилизирана тегла.
- Теглата добро затворете ја и чувајте ја на собна температура и до два месеци.
- Вака скиселениот лук најдобро оди како додаток со ладни јадења, но слободно можете да му најдете и некоја друга примена.
Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк
Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика