Рецепт за најкремастото пире од компири

Рецепт за најкремастото пире од компири

Најдоброто пире од компири, нежно, меко, кремасто…

Состојки:

  • 1,5 кг бел компир
  • 1 дл врело млеко
  • 50 гр путер или маргарин
  • 2 лажички сол
  • 5 лажици неутрална павлака

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги, повторно измијте ги и исечете ги на коцки. Ставете ги во длабоко тенџере, налијте вода и гответе околу 30 минути.
  2. Исцедете ги варените компири од вода, додајте путер, па матете со миксер. Потоа додајте млеко и неутрална павлака.
  3. Послужете со разни јадења, сосови, преливи, месо…

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text