Едноставен, брз и домашен: Капучино колач

Едноставен, брз и домашен: Капучино колач

Подгответе го овој единствен десерт…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 100-150 гр шеќер
  • 100 гр путер
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 200 гр шлаг крем
  • 50 мл масло
  • 5 лажици брашно
  • 100 гр чоколадо
  • 1 кесичка инстант капучино

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно, масло и испечете колач на 200 степени 20 минути. Бисквитот изладете го и пресечете го по должина на два дела. 
  2. Пенасто разматете путер со 4-5 лажици шеќер во прав, па додајте растопено чоколадо и кесичка инстант капучино. Разматете шлаг крем со млеко или вода. Во шлагот додавајте лажица по лажица путер со чоколадо и добро изедначете со миксер. 
  3. Филот поделете го на три дела. На првиот дел од бисквитот нанесете крем, па развлечете и ставете го другиот дел од бисквитот, па намачкајте со фил и поклопете со третиот бисквит. Сè премачкајте со останатиот фил. Украсете со рендано чоколадо. 
  4. Изладете во фрижидер 2-3 часа, послужете и уживајте!