Домашна босанска алва по традиционален рецепт

Домашна босанска алва по традиционален рецепт

Уживајте во автентичноста на овој десерт…

Состојки:

  • 100 гр путер/маргарин
  • 100 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 10 гр ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Растопете путер/маргарин, кога потполно ќе се растопи додајте брашно.
  2. Постојано мешајте, околу 10 минути и водете сметка брашното да не загори.
  3. Во друго тенџере ставете вода и шеќер со ванилин шеќер, ставете на шпорет и оставете да се зготви. Потоа измешајте, додека смесата не поприми златно-смеѓа боја.
  4. Тргнете го тенџерето од оган, вадете облици по желба.
  5. Како декорација искористете кокос, ореви, лешник или нешто по ваш избор.

Послужете и уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта