Ова јадење е одлично за време на пост. Доколку не постите, наместо билни можете да користите неутрална павлака и пармезан.
Состојки:
- 400 гр широки таљатели
- сол
- 200 гр филети лосос
- 1/2 веза магдонос
- копар
- 1 лимон
- 300 мл билна павлака
- бибер
Начин на подготовка:
- Згответе ги таљателите по упатството на пакувањето во солена вода. Со остар нож исечете го лососот на тенки ленти. Измијте го, исушете го лососот. Исечкајте копар. Добро измијте го лимонот и пребришете го со вата натопена во ракија. Изрендајте ја кората од лимонот на најситното ренде.
- Во широка тава подгрејте павлака, малку сол и бибер. Додајте кора од лимон и крчкајте 3 минути. Додајте ленти лосос и крчкајте уште неколку минути.
- Процедете ја пастата и изладете ја под млаз вода од чешма. Измешајте го копарот со резанците, а потоа додајте лосос. Измешајте ги сите состојки и сервирајте во топли чинии. Украсете го јадењето со свеж магдонос.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство