Рендано слатко од дуњи со ореви (ВИДЕО)

Рендано слатко од дуњи со ореви (ВИДЕО)

Збогатете ја зимницата со овој феноменален десерт!

Состојки:

  • 700-800 гр рендани дуњи
  • 1 кг шеќер
  • 300 мл вода
  • 1 лимон
  • 100 гр сечкани ореви

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете шеќер, додајте вода и згответе густ сируп, па тргнете го тенџерето од шпорет.
  2. Дуњите излупете ги и изрендајте ги и веднаш ставете ги во тенџерето со сируп (како што е прикажано во видеото) за да не потемнат.
  3. Гответе го слаткото додека не згусне, пред крај додајте сечкани ореви и кругови лимон.
  4. Кога ќе биде готово ставете го во тегли и добро затворете. Превртете ги теглите наопаку и така оставете ги до наредното утро.

 

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед