Запечени фусили со пилешко

Запечени фусили со пилешко

Магдоносот и целерот ќе им дадат нов вкус на вообичаената комбинација од тесто и пилешко.

Состојки:

  • 400 гр фусили резанци
  • сол
  • 1 веза магдонос
  • 1 веза целер
  • 250 гр коктел домати
  • 1 чешне лук
  • 150 гр пилешки филети
  • 2 лажици путер
  • бибер
  • 150 гр пармезан
  • 250 мл неутрална павлака

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги резанците по упатството на пакувањето. Исечкајте ги зачинските билки. Доматите исечете ги на четвртини или половини, зависно од големината. Исечкајте лук. Шунката исечкајте ја на тенки ленти или коцки. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Загрејте путер, па пропржете ги зачинските билки, месото, доматите и лукот. Зачинете по вкус. Процедете ги резанците и ставете ги во намастен огноотпорен сад. Преку распоредете продинстан зеленчук и месо.
  3. Разматете сирење и павлака, посолете и побиберете. Прелијте го јадењето и ставете во рерна да се запече (околу 10 минути).

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство