Војводински кнедли: Неодолив солен специјалитет со сирење!

Војводински кнедли: Неодолив солен специјалитет со сирење!

Кнедлите секогаш се добро изненадување на чинијата, а оваа солена комбинација по старски Војводински рецепт е секако совршен избор во вид на топло предјадење за секоја прилика.

Состојки за тесто:

  • 1 лажица маст
  • 4 јајца
  • малку сол
  • 500 гр швапско сирење
  • 5 лажици брашно

Состојки за прелив:

  • 4 лажици масло
  • 2 дл кисела павлака
  • 2 лажици презла

Начин на подготовка:

  1. Пред сѐ зовријте три литри вода со малку сол, а потоа правете ги кнедлите. 
  2. Во разматена маст додајте 4 жолчки, сирење, брашно и сѐ добро измешајте. Додајте разматен снег од белки и измешајте ја масата. Од подготвената маса правете еднакви мали кнедли и гответе во солена вода. Зготвените кнедли наредете ги на чинија. 
  3. Кнедлите прелијте ги со мешавина од масло и кисела павлака, а потоа посипете со пропржена презла.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука