Тробоен колач без печење: Сочен и вкусен десерт по старски рецепт

Тробоен колач без печење: Сочен и вкусен десерт по старски рецепт

Овој едноставен десерт нема да ве остави рамнодушни…

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 гр путер
  • 250 гр шеќер во прав
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 10 пишкоти
  • 250 гр мелени лешници
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 1-2 лажици рум
  • 1 кесичка шлаг

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги, па изгмечете ги и направете пире. Оставете да се излади, но не до крај. Во меѓувреме пенасто разматете путер со шеќер. Сомелете ги пишкотите, изрендајте го чоколадото. Во компирите измешајте разматен путер со шеќер и додајте мелени пишкоти и рум. 
  2. Масата поделете ја на два дела. Во еден додајте мелени лешници, а во другиот рендано чоколадо. Во калап за торта ставете го прво чоколадниот дел, потоа делот со лешници и од горе шлаг. 
  3. Посипете со рендано чоколадо, послужете и уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта