Лазањи со тиква

Лазањи со тиква

Омилените лазањи во есенска варијанта – со тиква!

Состојки:

  • 2 праза
  • 750 гр тиква
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици масло
  • 500 гр јунешко мелено месо
  • 3 лажици доматно пире
  • 125 мл бело вино
  • 125 гр кисела павлака
  • сол
  • бибер
  • 3 лажици путер
  • 3 лажици брашно
  • 500 мл млеко
  • рендано мускатно оревче
  • 300 гр лазањи
  • 40 гр пармезан

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го празот на кругови, а тиквата на парчиња. Исечкајте кромид и лук, па пропржете на масло. Додајте месо, измешајте го зеленчукот, доматното пире и виното. Крчкајте 5 минути. Измешајте кисела павлака. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Загрејте путер и пропржете брашно. Измешајте млеко, крчкајте 3 минути, зачинете и додајте мускатно оревче по вкус.
  3. Редете во намастен плех плочи за лазањи, месо и сос. Посипете со сирење и ставете во рерна на 45 минути да се запече.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?