Подгответе вкусен сос кој можете да го додавате во разни јадења…
Состојки:
- 1 чешне лук
- 2 жолчки
- 1/8 лажичка морска сол
- бибер
- 1 шолја маслиново масло
- 1 лажичка сенф
- 1/2 лажичка студена вода
- 1 лажичка сок од лимон
Начин на подготовка:
- Излупете го и испасирајте го лукот и додајте сол (ова можете да го направите и во блендер).
- Ставете во чинија жолчки и сенф. Матете 5 минути (секогаш во еден смер). Полека додавајте масло (половина од подготвената количина).
- Ставете вода, сок од лимон и бибер, повторно матете, а потоа полека со матење долијте ја и останатата количина масло.
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука