Намазот од капини можете да го измешате во јогурт или сладолед. Можете да го претворите и во прелив за чизкејк или за некои други освежувачки десерти.
Состојки:
- 3 кг капини
- 1 кг кафеав шеќер
- кора од портокал
- кора од лимон
- ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Капините измијте ги, исцедете ги и пошеќерете ги. Оставете ги да отстојат додека шеќерот не се растопи. Потоа изгмечете ги и гответе ги на умерен оган 20 минути.
- Пред крајот додајте кора од портокал и лимон. Врелиот намаз распоредете го во стерилизирани тегли.
- Изладената површина покријте ја со целофан кој сте го потопиле во алкохол или жесток пијалак.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега