Неодоливи мафини од проја со павлака

Неодоливи мафини од проја со павлака

Вкусни и неодоливи – подгответе мафини од проја и павлака…

Состојки:

  • 200 гр проино брашно
  • 1 чаша гриз
  • 200 гр павлака
  • 3 јајца
  • 100 мл масло
  • 15 гр квасец
  • 1/2 прашок за печиво
  • сол
  • 200 гр сирење
  • топла вода

Начин на подготовка:

  1. Растопете го квасецот во малку вода. Јајцата скршете ги во чинија и разматете ги со жица. Додајте квасец, павлака, масло, гриз, брашно, прашок за печиво, сол и издробено сирење.
  2. Замесете ретко тесто со млака вода. Со лажица ставајте во калапите за мафини до врв. Посипете со сусам по желба. Печете на 200 степени околу 40 минути. Сервирајте со сирење, јогурт…

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука