Овој ручек ќе ви стане омилен!
Состојки:
- 1 шолја брашно
- 1/2 шолја рендан пармезан
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер
- 3 парчиња пилешко филе
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици путер
- 1/2 шолја сечкана сланина Пекабеско
- 1/2 шолја сечкана лута пиперка
- 1 шолја сечкан кромид
- 2 чешниња сечкан лук
- 300 мл павлака за готвење
Начин на подготовка:
- Измешајте брашно, пармезан, сол и бибер, па во оваа смеса извалкајте го пилешкото месо. Лажица маслиново масло и путер ставете во тава, загрејте и испржете го месото од двете страни.
- Извадете го печеното месо и во истата тава веднаш ставете сланина, пиперка и кромид и пржете. Додајте лук, измешајте, па ставете павлака за готвење. Кратко гответе, по желба додајте уште малку рендан пармезан и тргнете го од оган.
- Пилешкото сервирајте го на чинии и прелијте го со овој вкусен крабонара сос.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви