ЌЕ БИДЕТЕ ВООДУШЕВЕНИ: 5 фантастични начини како да искористите калап за мафини

ЌЕ БИДЕТЕ ВООДУШЕВЕНИ: 5 фантастични начини како да искористите калап за мафини

Во калап за мафини не морате да ги правите само омилените десерти. Погледнете како уште можете да искористите калап за мафини и пронајдете инспирација да ги израдувате своите најмили.

1. Во плех наредете кругови ананас, па на нив ставете вишни. Потоа овошјето прелијте го со смеса за мафини. Кога ќе биде печено, свртете наопаку и украсете со сос, шлаг или чоколадо по желба.

2. Во намастен плех ставете јајца, посолете и побиберете, па печете 15 минти. Ќе добиете јајца на око подготвени на најздрав начин.

3. Во калапите ставете по половина парче лимон и лимета и прелијте со вода. Кога ќе смрзнат, ќе добиете освежувачки „мафини“ од мраз.

4. Доколку ви останал сос за шпагети, можете да го замрзнете во калап за мафини и да го искористите за наредна прилика.

5. Обложете го со тесто калапот од надворешната страна. По печењето ќе добиете корпички. Потоа наполнете ги со сладолед и украсете ги по желба.

Деталите погледнете ги во ВИДЕОТО:

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко