Ова јадење е едно од најпознатите во Источна Србија…
Состојки:
- 1 пиле
- 1 лажица брашно
- 1 лажица слатка пипер
- 2 свежи зелени пиперки
- 2 домати
- 1 главица кромид
- 2 лажици сув зачин
- 2 чешниња лук
- масло
- сол
- мелен црн бибер
- 100 мл кисело млеко
Начин на подготовка:
- Кромидот и лукот исечкајте ги и пржете ги во тенџере на загреано масло. Исечете го пилето, па секое парче посолете го, побиберете го, пропрскајте го со мешавина од зачини и ставете во тенџере. Излупете домати, исечкајте ги на коцки, ставете ги во паприкашот и гответе.
- Во посебен сад ставете кисело млеко, додајте брашно, 100 мл вода, мешавина од зачини и мешајте со жица за матење. Таа смеса ставете ја во паприкашот по 20 минути, оставете да се готви уште пет минути и тргнете го јадењето од оган.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви