Со оваа торта ќе се сетите на безгрижните денови од детството. Вкусот ќе ве освои!
Состојки:
- 8 јајца
- 8 лажици шеќер
- 2 шлаг крем од ванила (150 гр)
- 2 шлаг крем од чоколадо (150 гр)
- 150 гр чоколадо
- 6 лажици брашно
- 4 лажици какао
- 4 лажици кокос
- 100 мл масло
- 1 прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Разматете 4 јајца, 4 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 2 лажици какао, 50 мл масло и 1/2 прашок за печиво. Изедначете и печете на 200 степени 15 минути. Постапката повторете ја со уште една кора.
- Разматете шлаг крем од ванила и во него додајте 4 лажици кокос и добро соединете. Посебно разматете шлаг крем од чоколадо. На првата кора ставете крем со кокос, а потоа шлаг крем со чоколадо. Покријте со другата кора. Прелијте со растопено чоколадо. Оставете ја тортата да стегне.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега