Рецепт за малку поинаков таратур – Освежително јадење кои ќе го обожавате

Рецепт за малку поинаков таратур – Освежително јадење кои ќе го обожавате

За сите љубители на вкусот на освежителниот таратур, ви претставуваме еден малку поинаков рецепт. Главната состојка е киселото млеко, а се прави на следниов начин:

Потребни состојки:

  • 1 кг Битолско кисело млеко
  • 350 гр кисели краставички
  • 1-2 чесни лук
  • 50 гр ореви
  • 1/2 китка копар
  • сол
  • масло за јадење

Начин на подготовка:

  1. Киселите краставички и лукот ситно се сечкаат, а оревите се мелат, но не премногу ситно.
  2. Се зачинува со ситно сечкан копар, сол и масло (може и маслиново), па сè се меша до соединување.
  3. Пред послужување треба добро да се излади.

Препуштете се на креативност во кујната, бидејќи полната структура на Битолското кисело млеко ви овозможува неограничен број можности. Тоа е одличен додаток и за сармички, спанаќ, полнети пиперки, мусака, печено месо, компири и безброј други јадења, но може да се додаде и на овошни или зеленчукови салати како прелив. Изборот е ваш, но за каква било комбинација и да се одлучите, ние ви ветуваме богат, незаменлив вкус што нема да ве остави рамнодушни.

Повеќе на Gotvi.mk:

Полнети тиквички со кисело млеко

Пита со кисело млеко

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

Ново семејно пакување – Битолско кисело млеко за целосно уживање

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!