Ниту една свечена прилика не треба да помине, а на трпезата да нема барем едно јадење од јагнешко. Колку и да сакате свинско месо, јагнешкото знае да биде многу вкусно, ако убаво се подготви. Еве еден одличен рецепт – јагнешко во јогурт.
Состојки:
- 1 кг јагнешка кртина
- 400 мл јогурт
- 800 мл вода
- 250 гр ориз
- 5 јајца
- 1 лажица мешавина од зачини
- масло
- сол
- црн бибер
Начин на подготовка:
- Водата ставете ја во тенџере и ставете го месото да се вари. Во огноотпорен сад ставете претходно исчистен ориз и прелијте го со водата во која се варело месото. Додајте мешавина од зачини и печете 15 минути на 180 степени.
- Разматете јајца со вилушка, додајте јогурт, и соединете. Извадете го огноотпорниот сад од рерна, по оризот наредете варено јагнешко месо и прелијте го со мешавина од јајца и јогурт.
- Вратете го садот во рерна и печете уште 30 минути на иста температура. Јадењето сервирајте го додека е топло.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви