Полнети тиквички со кисело млеко

Полнети тиквички со кисело млеко

Една од главните состојки на традиционалната македонска трпеза е токму киселото млеко. Ви предлагаме рецепт за полнети тиквички со кисело млеко. Еве како да ги приготвите:

Потребни состојки:

  • 2 тиквички
  • 300 гр мелено месо
  • 150 гр ориз
  • 1 кромид
  • 1 супена лажица мешан зачин, сол, бибер
  • 4 јајца
  • 500 гр Битолско кисело млеко

Начин на подготовка:

  1. Во загреано масло се запржува кромидот, па се додава месото, а откако ќе се запржи, се додава и оризот и се зачинува.
  2. Тиквичките се лупат и се длабат, па се полнат со меленото месо.
  3. Се ставаат во земјена тава и се попрскуваат со масло, а тавата се полни со вода, доволно колку да ги покрие.
  4. Се пече подолго, во загреана рерна, со цел убаво да се загрее тавата, а откако тиквичката ќе биде варена, се прелева со матени јајца со кисело млеко и се допекува уште малку за да фати кора.
  5. На ова јадење може да се додаде и јаболков оцет.

На здравје!

Повеќе на Gotvi.mk:

Пита со кисело млеко

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

Ново семејно пакување – Битолско кисело млеко за целосно уживање

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*