Тиквата, кралицата на есента, е непресушен извор за инспирација на гурманите…
Како и да ја подготвите, во солена или слатка варијанта, печена или варена, со неа не можете да згрешите.
Има сочно месо, слатка , а ја ценат и нутриционистите поради ниската калориска вредност, како и поради провитаминот А, витамините Ц, Е и К, како и витамините од Б групата. Богата е и со калиум, фосфор, калциум, железо…
Ви донесуваме рецепт кој можете да го ставите во вашето мени!
Состојки:
- 2 мали тикви (од по 600-800 гр)
- 100 гр кромид
- 400 гр пилешко филе
- 400 гр печурки
- 30 мл масло
- 250 гр полутврдо сирење
- сол
Начин на подготовка:
- Тиквите излупете ги, пресечете ги на половина по должина, исчистете ги од семки и измијте ги. Со помош на вилушка издлабете ги тиквите од врвот кон делот каде се наоѓале семките.
- Тиквите ставете ги во лим за печење обложен со хартија за печење, посолете ги, побиберете ги и ставете ги на 30 минути во рерна загреана на 200 степени.
- Во тава на загреано масло ставете ситно сечкан кромид и пропржете го до златножолта боја. Додајте пилешко исечкано на парчиња и кратко пропржете. Додајте ситно сечкани печурки, посипете зачини (сол, бибер, пипер) и пропржете додека не испари течноста која ја испуштаат печурките.
- Тргнете од оган па со добиениот фил наполнете ги печените тикви, посипете рендано сирење и печете уште 20 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи