Сочниот вкус на пилето го надополнуваат меките компири – оброк кој се памети!
Состојки:
- 1 пиле (околу 2 – 2,5 кг)
- малку масло
- сол
- сенф
- бибер
- компири
Начин на подготовка:
- Пилето добро измијте го, посолете го, побиберете го и намачкајте го со масло и сенф.
- Пилето можете да го печете во кеса или огноотпорен сад. Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее испечете го пилето. Рерната потоа малку намалете ја на 180 степени.
- На половина од печењето додајте крупно сечкани компири, посолени и намастени.
- Печете додека пилето не добие фина златна боја, а компирите не омекнат, околу еден час.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Шарена тава со зеленчук и пилешко