Направете кремав, чоколаден и вкусен Кармен колач. Неодоливо за ладните ноќи кои следат, за насладување со семејството и за пријателите.
Состојки.
- ЗА КОРА
- 6 белки
- 6 жолчки
- 100 гр шеќер
- 60 гр чоколадо
- 100 гр неизлупени бадеми
- Сок од ½ лимон
- 80 гр презла
- Маргарин за премачкување
- ЗА ФИЛ
- 100 гр чоколадо
- 100 гр шеќер
- 1 портокал
- 1 парче лимон
Подготовка:
- Се матат 6 жолчки со шеќер, а се додава и наренданото чоколадо додека матите со миксерот. Се додаваат и ситно сецкани неизлупени бадеми, а потоа се оддава и исцеден половина лимон, и презла.
- Се добро се меша.
- Во сад настрана изматете ги белките, внимателно додајте ја и другата смеса и мешајте со лажица да се соедини.
- Ставете ја смесата во округлест плех за торта, премачкан со маргарин. Печете го на умерена температура.
- Во сад ставете сок од портокал и парче лимон, чоколада и шеќер.
- Матете додека не добиете кремава смеса, па премачкајте го испечениот пандишпан.
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви