Брз десерт од сливи и ореви

Брз десерт од сливи и ореви

Десерт со совршен вкус каков што не сте пробале!

Состојки:

  • околу 20 сливи
  • 70 гр ореви
  • 1 лажичка какао
  • 3-5 зрна каранфилче
  • 1/2 лажичка цимет

Начин на подготовка:

  1. Сливите исчистете ги и така преполовени наредете ги во плех со ореви.
  2. Печете на 200 степени додека сливите не омекнат, околу 20 минути, зависно од рерната. Оставете неколку минути да се изладат, потоа во блендер иситнете ги оревите со каранфилче (не ги мелете целосно).
  3. Оревите ставете ги во чинија, а дел одвојте за посипување.
  4. Испасирајте ги сливите со какао и цимет, измешајте ги со оревите.
  5. Распоредете од смесата во садови за сервирање и посипете со ореви и цимет.
  6. Изладете во фрижидер до послужување. Доколку сливите не се доволно слатки, прелијте со лажичка мед или јаворов сируп.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text