Доколку немате многу време за подготовка на ручек, ова е вистинскиот рецепт за вас!
Состојки:
- 1 пакување шпагети
- 1 тиквица
- 1 павлака Пекабела
- 3 зденки
- малку млкео
- пармезан
- сол
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Тиквиците исечкајте ги на коцки (или изрендајте ги) и пропржете ги на врело масло. Посолете и побиберете по вкус.
- Зденките разматете ги во шолја млеко па додајте тиквици. Нека сѐ заедно малку прокрчка.
- Шпагетите посебно згответе ги по упатството на пакувањето.
- Соединете го сосот со шпагетите и додајте павлака. Посипете пармезан од горе.
- Послужете топло и уживајте!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство