Аргентински хот дог во лут сос: Вкус кој се памети

Аргентински хот дог во лут сос: Вкус кој се памети

Овој хот-дог нема врска со оние кои ги купувате – многу е подобар!

Состојки:

  • 2 пара виршли Пекабеско
  • 2 кифли
  • 2 лажици маслиново масло

Состојки за сос:

  • 120 мл маслиново масло
  • 60 мл бел вински оцет
  • 4 чешниња лук
  • 5 лажици слатко вино
  • 3 лажици сок од лимон
  • 1 веза коријандер
  • листови магдонос
  • 2 лажици оригано
  • половина чили пиперка

Начин на подготовка:

  1. Виршлите ставете ги во топл вода, гответе ги околу 25 минути. За тоа време подгответе го сосот.
  2. Излупен лук ставете во блендер, додајте сечкан магдонос, коријандер и чили. Иситнете, па измешајте со маслиново масло, оцет, вино, лимонов сок и оригано.
  3. Загрејте тава. Кифлите пресечете ги на половини и пропрскајте ги со маслиново масло. Исушете ги колбасите и испечете ги кратко на скара со масло, додека не добијат румена кора.
  4. Избришете ја скарата и пропржете ги кифлите од двете страни. На две половини ставете по две виршли, прелијте со сос и поклопете.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text