Совршен старски колач кој се прави многу едноставно…
Состојки:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици меко брашно тип 400
- 3 лажици мелени ореви
- 1/2 кесичка прашок за печиво
Состојки за фил:
- 300 гр џем
- 150 гр мелени ореви
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Одвојте ги белките од жолчките. Цврсто разматете белки и шеќер па додајте ги во жолчките. Продолжете да мешате со миксер наредните 5 минути па кога смесата ќе се соедини додајте ги останатите состојки и со лажица добро измешајте.
- На плех прекриен со хартија за печење ставете ја смесата, па со лажица распоредете ја по целата површина на плехот. Печете 15-20 минути на 200 степени. Печениот бисквит извадете го од рерна, превртете го на влажна крпа, одлепете ја хартијата за печење и свиткајте го заедно со крпата.
- Оставете го са се излади 15 минути, па одвиткајте и премачкајте со фил од мелени ореви и џем. Потоа повторно свиткајте и ставете во фрижидер. Пред сечење украсете со шеќер во прав.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега