Ново семејно пакување – Битолско кисело млеко за целосно уживање

Ново семејно пакување – Битолско кисело млеко за целосно уживање

Добро познатиот, традиционален вкус на кравјото Битолско кисело млеко е достапен и во големо, семејно пакување од 700 гр во кантичка.

Битолското кисело млеко досега беше достапно во пакување од 180 и 400 гр, а новата кантичка Бимилк ја лансира на барање на потрошувачите, со цел да ги задоволи потребите на целото семејство, информираат од БиМилк.

Киселото млеко изобилува со калциум и полезни бактерии што му даваат совршена хармонија на организмот. Истовремено ги зајакнува коските, го зајакнува имунитетот и помага во правилна функција на организмот, па затоа се препорачува во секојдневната исхрана.

Меѓутоа, не се само здравствените придобивки она што го прават Битолското кисело млеко незаменлив сојузник на семејната трпеза. Неговиот богат, полн вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

Повеќе на Gotvi.mk:

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*