Брз и евтин: Колач од пудинг и јогурт

Брз и евтин: Колач од пудинг и јогурт

Вкусен десерт, брз, евтин и за сечиј вкус…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 75 гр брашно
  • 75 гр гриз
  • 50 мл масло
  • 100 мл јогурт
  • 100 гр суво грозје
  • 1 пудинг од малини
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 1 прашок за печиво
  • 600 мл млеко
  • малини
  • чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Згответе пудинг (посебно од малини, посебно од чоколадо) со млеко и шеќер и изладете. 
  2. Разматете јајца со 100 гр шеќер, додајте брашно и гриз измешан со прашок за печиво. 
  3. Додајте суво грозје и измешајте, потоа ставете во помал плех (30х20). 
  4. Распоредете по лажичка пудинг од чоколадо и малина. Во чоколадниот пудинг ставете коцки чоколадо, а во пудингот од малини ставете малини. 
  5. Печете на 190 степени околу 30 минути.

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед