Мексиканско јадење кое ќе го обожавате: Чили од месо

Мексиканско јадење кое ќе го обожавате: Чили од месо

Мексиканската храна е пикантна и сите ја обожаваат!

Состојки:

  • 2 црвени пиперки
  • 2 жолти пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 2 праза
  • 500 мл доматен сос
  • 2 конзерви црвен грав
  • 2 конзерви шери домати
  • ориз
  • 1 павлака
  • 3 големи лажици кумин
  • 1 лажица лута пипер
  • сол
  • бибер
  • 500 гр мешано мелено месо

Начин на подготовка:

  1. Во поголем лонец на малку масло пропржете ситно сечкан праз, па додајте мелено месо. Кога месото ќе се испржи, додајте ситно сечкани пиперки. Кога пиперките ќе омекнат, додајте конзерви шери домати, кумин, сол, бибер и лута пипер. Нека крчка на тивок оган околу час и половина. 
  2. Пред самиот крај, ставете две конзерви црвен грав и измешајте. По десетина минути тргнете го јадењето од шпорет да се излади. 
  3. Оризот згответе го со малку сол. 
  4. Јадењето послужете го така што на чинијата прво ќе ставите ориз, а потоа ќе го прелиете со чили од месо. Од страна ставете лажица павлака.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text