Лесен залак кој ве заситува…
Состојки:
- 4 средни домати
- 1/2 мал морков
- 1/2 стебло целер
- 1/2 главица кромид
- 1-2 чешниња лук
- 1/4 лажичка оригано
- 2 лажички маслиново масло
- 1 лажица бело вино
- 85 гр презла
- 2 лажици рендан пармезан
- 3-4 листови ситно сечкан босилек
- 1 лажица мешавина од зачини
Начин на подготовка:
- Исечете ги врвовите на доматите и сочувајте ги. Издлабете ги доматите, а пулпата сочувајте ја.
- Сомелете морков, целер, лук, кромид и пулпата од доматите. Во поголема тава на малку масло пропржете го зеленчукот и додајте оригано, потоа додајте лажица вино и пржете уште неколку минути. Изладете, додајте презла, сув зачин, пармезан и босилек.
- Наполнете ги доматите, покријте ги со врвовите и печете ги во намастен плех на 170 степени 15-20 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство