ОВА е доручекот на Гордон Ремзи по кој интернетот „полуде“ (ВИДЕО)

ОВА е доручекот на Гордон Ремзи по кој интернетот „полуде“ (ВИДЕО)

Овој рецепт се состои од компири, јајца и сланина, како и зачини…

Рецептот е на познатиот готвач Гордон Ремзи, а за кратко време стана хит на интернет.

Начин на подготовка:

  1. Излупете два до три компири со средна големина и изрендајте ги заедно со една помала главица кромид. Добро посолете и побиберете, истиснете со раце да излезе вишокот течност и ставете малку маслиново масло, добро мешајќи со раце.
  2. Во врела тава ставете малку масло и ставете ги компирите. Добро притиснете ги компирите на дното од тавата. Од страните додајте парчиња путер и кога ќе почувствувате дека оваа голема палачинка можете да ја поместите, свртете ја со помош на друга чинија.
  3. На оваа компир-палачинка внимателно скршете јајца, посипете со лута пипер, посолете и заедно ставете во претходно загреана рерна на 6-8 минути.
  4. Сервирајте го јадењето со пржена сланина и уживајте во доручекот!

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки