Домашен леб од млечно тесто: Од надвор крцкав, а од внатре мек

Домашен леб од млечно тесто: Од надвор крцкав, а од внатре мек

Златна кора и мека, воздушеста внатрешност е она што овој леб го прави неверојатен!

Состојки:

  • 1 јајце
  • 160 мл топло млеко
  • 40 мл топла вода
  • 340 гр бело брашно
  • 60 гр сув квасец
  • 2 лажички сол
  • 60 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Во сад прво измешајте млеко, сув квасец и шеќер, па оставете десетина минути да отстои. Додајте јајце, вода, сол и брашно. Сѐ добро измешајте како би добиле смеса налик тесто, а потоа додајте омекнат путер. Замесете тесто и облкувајте топка.
  2. Тестото префрлете го во пластичен сад кој претходно сте го премачкале со растопен путер или масло. Прекријте со фолија и оставете 90 минути тестото да се подигне.
  3. Потоа поделете го тестото на три дела. Оставете уште 15 минути, а потоа секој дел растегнете го во правоаголник, па преклопете го така што ќе добиете триаголник. Секој триаголник свиткајте го и ставете го во калап за леб намастен со растопен путер.
  4. Оставете уште неколку минути да се подигне, а за тоа време загрејте ја рерната на 180 степени. Лебот премачкајте го со млеко, па печете еден час до 75 минути. Пред да го пресечете, лебот добро изладете го.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*