Направете зимница на најздравиот начин по рецепт на „Бабина кујна“.
Состојки:
- 2 кг пиперки
- оцет 3:1
- сол (25 гр на 1 л течност)
- бибер во зрно
- 1 главица лук
- магдонос
- целер
Начин на подготовка:
- Пиперките измијте ги, извадете ги семките и благо испечете ги на шпорет. Пиперките ставете ги во сад, поклопете и оставете ги 1 час, додека не омекнат. Во садот исечкајте лук, листови од магдонос и целер и додајте сол па измешајте.
- Мешавината ставете ја во секоја пиперка, па повторно оставете малку да отстои. Во садот ставете 2 л вода, 25-30 гр сол и околу 600 мл алкохолен оцет. Добро измешајте. Пиперките редете ги во тегли и притискајте ги колку да ги собере во теглата.
- Додајте неколку зрна бибер и по едно чешне сечкан лук, малку магдонос и целер. Налијте со раствор од оцет и добро затворете со метални капачиња.
- Наредете ги теглите во рерна, вклучете ја на 90 степени и наместете го тајмерот на 90 минути. Вклучете ги двата греачи. Оставете ги теглите до наредното утро, а потоа наредете ги со останатата зимница.
Повеќе поврзани вести на Готви.мк:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко